Бизнис-секторот во Македонија ќе има полесен пристап до неопходните информации за подобрување на конкурентноста. Тоа го овозможуваат трите нови портали www.konkurentnost.mk, www.ener.gov.mk и www.investinmacedonia.com/export што ги промовираше Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот. Порталите се изработени во соработка со министерствата за економија и за информатичко општетство и администрација и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Министерот за економија Ваљон Сараќини го повика бизнис-секторот максимално да го користи порталот www.konkurentnost.mk, кој е создаден токму за нив. Создавањето на конкурентна економија базирана на претприемнички дух, иновации и знаења ориентирана кон извоз е еден од главните приоритети на Владата.
Бизнис-секторот во Македонија ќе има полесен пристап до неопходните информации за подобрување на конкурентноста.
Тоа го овозможуваат трите нови портали www.konkurentnost.mk, www.ener.gov.mk и www.investinmacedonia.com/export што ги промовираше Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот. Порталите се изработени во соработка со министерствата за економија и за информатичко општетство и администрација и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Министерот за економија Ваљон Сараќини го повика бизнис-секторот максимално да го користи порталот www.konkurentnost.mk, кој е создаден токму за нив.
- Создавањето на конкурентна економија базирана на претприемнички дух, иновации и знаења ориентирана кон извоз е еден од главните приоритети на Владата - рече Сараќини.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски рече дека воведувањето и користењето од страна на засегнатите страни на порталот www.ener.gov.mk е од огромно значење за целокупниот процес на консултации и подготвување на регулативата и затоа е многу значајно неговото континуирано усовршување и унапредување.
- Главната цел на Владата е обезбедување на висок квалитет на јавни услуги за граѓаните и бизнисите преку искористувањето на моќта на технологиите и иновациите. Заедничките напори заедно со граѓаните, бизинис заедницата и невладиниот сектор барат постојана посветеност, но и вложување во нови модалитети на меѓусебна соработка и размена на информации - рече Ивановски.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида нагласи дека целта на порталот www.investinmacedonia.com/export е да ги поврзе македонските извозници со потенцијалните клиенти во странство.
- Агенцијата ќе се труди благовремено да обезбеди пазарни информации за трендовите на пооделни европски пазари кои ќе го олеснат процесот на деловно одлучување на тековните и потенцијалните извозници од нашата земја - рече Фида.
Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс рече дека трите портали се во насока на подобрувањето на конкурентноста на македонското стопанство и обезбедување соодветни услуги на извозно отриентираните компании.
- Со користењето на овие софтверски решенија македонските компании ќе бидат во можност да воспостават виртуелни бизнис линии и да се поврзат електронски со потенцијалните клиенти од странство. Исто така ќе бидат во можност да учествуваат во криерањето на законската регулатива во партнерство со јавниот сектор - рече Волерс.